Приказната на Сил и ангелот на Викторија Сикрет: Ја зема додека беше бремена од друг, а на крај му го скрши срцето
Вториот брак на познатата манекенка започна и заврши сосема неочекувано
Приказната за германската манекенка Хајди Клум и британскиот музичар Сил започна сосема нереално и како во некоја холивудска романтична комедија.
Двајцата се запознаа во 2004-та година во близина на лифт во хотел во Њујорк.
Како што раскажа Хајди во една прилика, таа седела во лобито на хотелот кога Сил поминал во неговата опрема за вежбање.
- Бев како, вауу... Видов скоро сѐ. Целиот пакет – изјави манекенката во шоуто на Опра Винфри.
- Веднаш ме привлече физички, а потоа разговаравме и помислив „леле, тој е толку топол и шармантен човек“
Што се однесува до Сил, тој веднаш го почувствувал „тоа нешто“.
- Она што најпрво ме привлече кај Хајди беше нејзината љубезност во нејзината насмевка, поради која се чувствувам како никогаш да не сум видел некоја поубава - изјави тој за „People“.
Изгледа како љубов на прв поглед, нели?
Кога се запознале, таа била бремена од друг
Интересно е што Хајди Клум била бремена од своето поранешно момче Флавија Бријаторе на првиот состанок со Сил. Хајди започна врска со италијанскиот генерален директор на Рено во март 2003-тата година, а во декември забремени.
Набрзо тие двајца раскинаа, а таа започнала врска со Сил
- Се насмевнав и реков „зарем веќе, тоа е неверојатно“ – изјави Сил за „Mirror“.
- Не со тебе, глупчо - додаде Клум.
Како што раскажуваа, Сил застанал 10 секунди и ѝ кажа дека тоа не го променило она како се чувствува за неа. На крајот ја посвои ќерката на Хајди, Лени и ја растеше како свое дете.
Ја вери на игло
По една година врска, Сил размислувал за брак и планирал да ја запроси на канадските карпести планини.
- Ја запросив на 23-ти декември на надморска височина од 4.260 метри во Вистлер, на неистражен терен на глечер, во природна снежна пештера, во игло кое беше направено за тој момент - објасни Сил за „People“.
Во таа прилика, тој објасни дека донел гитара и ѝ испеал романтична песна на манекенката пред да клекне на едно колено и да го постави прашањето.
- Сил ме однесе со хеликоптер. Таму направи игло, кревет со чаршафи, ливчиња од роза, свеќи. Многу, многу романтично. Беше и малку страшно, затоа што си толку отсечен од светот. Нема дрва, нема ништо, тешко беше. Но, јас бев воодушевена – објави Си-Ен-Ен.
Интимна венчавка во Мексико
Кога се венчаа во 2005-та година во Мексико, Хајди Клум беше повторно бремена (прв пат со Сил). Двојката рече „I do“ на плажа, а на церемонијата присуствуваа само 40 гости. Тие разменуваа завети секоја година за нивната годишнина од брак
За девет години брак, Хајди и Сил добија три деца, Хенри, Џон и Лу. И со години важеа за еден од најхармоничните парови.
- Мислам дека осум пати се омажив за Сил - изјави манекенката во една прилика.
Музичарот јавно проговори за тоа како сопругата му оставала романтични пораки секогаш кога го пакувала на турнеја и дека се обидувале да излегуваат барем еднаш неделно.
Развод и гласини дека го изневерувала со телохранител
Затоа, сите ги изненади кога објавија дека се разделуваат во 2012-та година.
Неколку месеци подоцна, Хајди Клум почна да излегува со својот телохранител Мартин Кристен, што ги подгреа гласините дека го изневерувала својот сопруг додека биле во брак.
„Мислев дека Хајди ќе покаже малку повеќе почит и ќе почека да се разведеме пред да реши да блудничи со телохранител“, изјави Сил за TMZ.
Манекенката ги негираше тврдењата за изневерување и рече дека никогаш не погледнала друг маж додека била со Сил.
А Сил подоцна се поправи и рече дека не мислел дека неговата сопруга воопшто го изневерувала додека биле во брак, туку дека ќе било подобро да почекала да се разведат официјално пред да стапи во нова врска.
Хајди Клум се забавуваше со Кристен повеќе од една година, по што раскинаа.
На крајот се покажа дека манекенката и музичарот едноставно раскинале, а за тоа придонеле и изливите на љубомора и гнев на Сил.
- Јас сум некој што верува во бајки и кога реков дека верувам мислев засекогаш. Но не знам. Никогаш не знаеш што се случува. Животот се менува. Едноставно не можевме повеќе да функционираме – изјави еднаш Хајди Клум.