Пристигна урбаната ADIDAS колекција
Лежерна спортска силуета во комбинација со lifestyle моменти, впечатливи бои и неодолив шарм се само некои од карактеристиките на урбаната и модерна колекција на adidas за оваа есен.
Како и претходните сезони, фокусот е на удобноста и лесните материјали, а не изостанува и атрактивниот модерен изглед кој ќе ви овозможи да бидете спремни за секоја прилика во рекордно време.
Од спортски активности до вечерни прошетки, adidas комбинира патики и маички, удобни тренерки и дуксери. Девојките кои сакаат невпечатливи парчиња, но и оние кои сакаат да се издвојуваат ќе ужуваат во широката понуда на облека и casual патики, идеални и за формални и за опуштени варијации.
Кога станува збор за детските модели, adidas оваа сезона ни носи мешавина од традиционален комфор и иновативен дизајн, кој на вашите најдраги ќе им обезбеди беспрекорна удобност во текот на целиот ден. Она што е клучно кога се во прашање патиките е тоа што во секој од моделите има вградено гумена влошка во средниот дел која овозможува дополнителна поддршка и ја намалува шансата за повреда.
Сигурни сме дека новата adidas колекција ќе ги освои срцата на сите, а вие бидете помеѓу првите и зграбете го омилениот модел во најблиската Sport Reality продавница или погледнете ја понудата ОВДЕ.