Проф. Ѓоргоски и проф. Поповски: Македонија ќе остане без наставен кадар - на наставна математика запишани 12 студенти, на физика, хемија едвај по еден

Проф. Ѓоргоски и проф. Поповски: Македонија ќе остане без наставен кадар - на наставна математика запишани 12 студенти, на физика, хемија едвај по еден

Објавена во: Совети // School zone

ФОТО: Фејсбук

Поразителни податоци на високообразовните институции по првиот уписен рок за додипломски студии. Квотите нема да се пополнат ниту со претстојниот втор уписен рок на 15 и 16 септември, ниту пак на третиот кој е кон крајот на месецов. Вработените на Студентски прашања од повеќе катедри при УКИМ за Фактор потврдуваат дека веќе одамна ги заборавиле гужвите при поднесување на потребната документација, бидејќи бројот на заинтересираните за студирање, посебно природни науки од година во година е се помал. Во разговор за Фактор, фактичката состојба ја потврдија и едни од најреномираните професори во земјава, проф. Зоран Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна, како и поранешниот декан на ПМФ и актуелен професор на катедрата по биологија, проф. Ицко Ѓоргоски.

Оценуваат дека Македонија многу скоро ќе остане без наставен кадар по клучните науки. Во некои градови и сега веќе нема наставници по физика, хемија, математика.

-Станува збор за една многу сериозна и загрижувачка состојба на некои од катедрите на Природно математичкиот факултет при УКИМ, иако мора да признаам дека ние, на Катедрата по биологија, посебно во последниве четири години имаме зголемен интерес. Завршените матуранти покажуваат голем интерес за додипломски студии по молекуларна биологија и генетика и нутрционизам, тоа што впрочем е тренд и во светот, заради што и квотите ги зголемивме. Но, од друга страна, парадоксално е што на единствените катедри на кои се доделуваат државни стипендии дури од по околу 300 евра месечно и кои редовно се исплаќаат, се запишуваат едвај од еден до пет студенти максимум. На пример на наставните програми по математика, физика, хемија примаме од 20 до 25 студенти, но освен интересот за математика, кој е само минимално поголем, за другите науки едноставно нема студенти. Во привиот уписен рок на наставна математика има само 12 студенти. Можеби со уште двата уписни рока ќе ја пополниме квотата, но на наставна физика или наставна хемија, не сум сигурен, но мислам дека има едвај по еден студент. Ова се навистина поразителни податоци. Се соочуваме со проблем кој никогаш нема да го решиме, бидејќи не постои заинтересираност за оние места кои практично треба да произведат нов и квалитеттен наставен кадар, посочува професорот Ѓоргоски.

Смета дека постојат повеќе фактори кои придонесуваат за ова, но според него главниот проблем е во вработувањата на идните настваници по математика, физика, хемија, биологија.

продолжува на ФАКТОР.МК


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: