Прогласено е за најпопуларно модно парче на сите времиња: Го имате ли во плакарот?

Прогласено е за најпопуларно модно парче на сите времиња: Го имате ли во плакарот?

Објавена во: Мода // Moj стил

Најважното модно парче кое секоја жена треба да го има во својот плакар...

Малото црно фустанче со години се сметаше за стилска класика и парче облека кое секоја жена треба да го има во својот плакар. Сепак, изгледа дека времињата се сменија...

Тоа го докажува и последната студија која се занимава со темата незаборавни модни трендови кои ги одбележаа децениите зад нас, како и најистакнатото модно парче кое се смета за безвременско.

Тимот експерти собра 2.000 луѓе од Велика Британија кои ги анализираа сите трендови, а потоа ги издвоија најважните парчиња облека кои го заслужуваат називот култни - рангирајќи ги според степенот на важноста.

Тексас јакните и тесните фармерки се наоѓаат на врвот на листата. Многу популарни се кожените јакни, тексас комбенизони, како и маичките со принтови од омилените музички бендови.

Иако годинини наназад малото црно фустанче се сметаше за стилска класика и парче кое жените го обожаваат, оваа студија откри дека дамите со задоволство се одлучуваат за кратки здолништа.

На убедливото прво место на најпопуларни модни парчиња на сите времиња се најде мини здолништето кое се смета за класика, а старите модели од ова парче денес изгледаат еднакво атрактивни.

Дамите го одбраа ова парче, бидејќи го сметаат за основен дел од гардеробата, која може лесно да се комбинира со останатите парчиња облека.

Денес најпопуларни парчиња облека според изборот на жените се:

# Мини здолниште

# Кратко црно фустанче

# Кратки панталони

# Тексас јакна

# Чевли на платформа

# Ѕвонарки

# Кожена бајкерска јакна

# Маичка на прерамки

# Чизми над колена

# Тесни фармерки


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: