Производите на Кајли Џенер наскоро во Европа: Ќе ги има ли и кај нас?
Кајли ја сподели веста на своите социјални мрежи дека нејзините производи наскоро ќе може да се купат и во Европа
За некои ова е тотално непотребна информација, но за останатите е среќна вест. Кајли веќе неколку години успешно ги избегнува козметичките производи за кои сите зборуваат, но никаде во Европа не можеше да се купат. Единствена беше да се нарачаат од САД, што не е воопшто евтино, а за некои дури и невозможно.
Доколку сакаш да видиш зошто толку голема галама и секако да ги испробаш истите производи од Kylie Skin кои порано оваа година ги креираше, сека ќе имаш можност. Нејзините производи конечно доаѓаат и на европскиот пазар. За жал, шминките се уште мора да ги нарачуваш од американските онлајн продавници, но Kylie Skin производите ќе бидат достапни во продавниците Douglas. Кајли на своите социјални мрежи ја сподели оваа вест, па така на пролет следната година во продавниците на Douglas ќе можеш да ги најдеш.
Во продажба ќе бидат нејзите шест производи за нега на кожа: Foaming Face Wash, Walnut Face Scrub, Face Moisturizer, Eye Cream, Vanilla Milk Toner и Vitamin C Serum. Не е наведено точно на кои места ќе ги има, а најблиску се очекува да ги има во Хрватска.