Пролетен хит: Овие 7 фризури ќе бидат вистински хит!
Немаш веќе идеи што да правиш со твојата коса? Ние знаеме!
Со оглед на тоа дека зимата не е баш идеалното време за експериментирање со фризурите на кои што зимата не им е баш „пријател“, како поради капите (кои се неизоставен моден детаљ), така и поради влагата, сите се радуваме што пред на нас е идеалното годишно време. Пролетта е идеално за нашите коси повторно да заблескаат.
Cosmopolitan ги носи 7 – те фризури кои оваа пролет ќе бидат апсолутен хит. А, она што е најважно е тоа што тие се многу едноставно и може да ви ги направи било кој. Доволни се малку волја и многу малку време. Џастин Марјан, популарната стилистка, за Cosmopolitan откри како здравите, сјајни правени ќе бидат во преден план со ситни додатоци. Ова се 7 најголеми хитови:
# Здрава коса – обично здравата коса е повеќе цел отколку тренд, но Џастин вели дека еден тон нејзини клиентки и ги враќаат идеите за здрава коса оваа пролет. Клучот е во сјајот!
# Накит за коса – накитот е секогаш забавен, па зошто сега да не го носиме во коса? Освен тоа, накитот ќе ја подигне било која фризура и тоа е супер.
# Ултра висок коњски реп – иако никогаш не излегол од мода, оваа пролет ќе биде посебно посакуван!
# Тапи краеви – тие се многу поздрави од остриот, рамен пресек за ксоата. Доколку ја сакате оваа фризура само напоменете и на својата фризерка и тој/таа ќе направи чудо!
# Преголеми шноли – овие шноли се вратија во мода! А, она што најинтересно е тоа што најдобро стојат во комбинација со високо репче!
# Коса до рамена – ова е должина која сигурно ќе биде најбарана оваа пролет.
# Светли бои – темните бои се резервирани за во зимо, а во пролет нема простор за ништо тмурно!