Пролетна испирација: 3 парчиња кои одговараат на секоја фигура!
Заблескајте во модните комбинации кои им одговараат апсолутно на секој!
Иако најдобро изгледаме кога бираме облека според својот тип на тело, секогаш сакаме да изгледаме убаво за што пократко време. За барем малку да ги олесниме типичните женски проблеми, ти предлагаме 3 пролетни парчиња облека кои одговараат на секоја фигура.
Бело палто – оваа класика не само што ја поткрева и најобичната комбинација, туку и ги сокрива евентуалните мани кои не прават несигурни. Можеш да го носиш на се, а најдобро изгледа во класична комбинација со фармерки и некои интересни чевли или патики.
Фустан-кошула – со каиш околу половината се изгледа поубаво и поради тоа не можеш да погрешиш со струкирано фустанче кое убаво паѓа. Исто така, доколку има копчиња на градите, лесно можеш да си ја одредиш должината на деколтето.
Кратка тексас јакна – иако огромните тексас јакни имаат разни стилски бенефити, понекогаш им недостасува малку структура. За промена, пробај своето ново пролетно фустанче да го искомбинираш со кратка тексас јакна која ќе ја нагласи твојата фигура.