Промена која никој не ја очекуваше: Дакота Џонсон има нова боја на косата (ФОТО)

Промена која никој не ја очекуваше: Дакота Џонсон има нова боја на косата (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Фарбањето на косата во русо стана тренд помеѓу позната - најпрво Бела Хадид, а потоа и Дакота Џонсон.

Актерката Дакота Џонсон, која ја паметиме по улогата на Анастаси Стил во триологијата „50 нијанси на сиво“, ги изненади обожавателите и папараците со својата нова боја на косата.

Имено, Дакота коментално работи на снимањето на новиот филм „Daddio“, со Шон Пен. На фотографиите и видеата кои се направени на снимањето на една од сцените, може да ја видиме Дакота со платинесто руса боја на косата. Косата ѝ е во должина на боб и со популарните, т.н. „завеса шишки“.

Дали навистина за потребите на новата улога ја променила бојата и должината на косата или тоа на главата ѝ е само перика, останува да погодуваме.

Но, ако Дакота навистина ја исфарбала косата, таа е уште една во низата холивудски ѕвезди која се одлучија за оваа промена. Неодамна во медиумите се појави фотографија од Бела Хадид, а изгледа дека и Ким Кардашијан подобро се забавува како русокоса.

Ако за потребите на снимањето на новиот филм, навистина ја променила фризурата, можеме да кажеме дека тоа е навистина храбра промена. Дакота со години ја носеше истата фризура, особено додека работеше на серијата „50 нијанси на сиво“, каде што беше бринета, верна на богатата чоколадна нијанса.

Реакциите на социјалните мрежи се секакви, од оние обожаватели кои се воодушевени од промената, до оние кои се надеваат дека станува збор за перика.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: