Промени ги овие навики: 4 грешки кои ги правиме кога купуваме фармерки
Помеѓу тебе и совршените фармерки стојат овие 4 грешки...
Секој е крив барем за некоја работа од оваа листа, ако не и за повеќе. Фармерките се модно парче кое би требало да ни издржи подолг период и кое можеме да го носиме со голем број комбинации, но тоа нема да се случи доколку продолжиш да ги правиш овие грешки.
# Немој да се плашиш од гардеробата
Знаеме, носиш број 38, знаеш дека тоа е твојата големи и секогаш купуваш фармерки со таа големите и секако ти се точни. Па зошто без потреба да го трошиш времето на пресоблекување и испробување на нови фармерки кои сакаш да ги купиш? Доколку купуваш фармерки на слепо добри се шансите дека ќе мора да ги вратиш или замениш. Денес постојат толку различни стилови на фармерки, а и секоја продавница има поинакво категоризирање на големита. Затоа со потпирање на фармерките на себе не е доволно за проценка на ова парче, а уште помалку за купување на истото.
# Купуваме фармерки кои ни се убави, но не се наш стил
Уште една грешка која ја правиме, а на која можеме да влијаеме е да купиме фармерки кои ги гледаме на куклите во продавниците, каде што изгледаат одлично. Модерни се, убави, а слични носеше и Бела Хадид и изгледаше топ. На крајот ги купуваш, иако знаеш дека не се твој стил, но мислиш дека ќе најдеш нешто во плакарот со што ќе ги комбинираш. Во многу случаи тоа не се случува, зошто овие фармерки не се вклопуваат во твојот стил и секогаш со задоволство ќе посегнеш по оние кои одат со секојдневни комбинации.
# Купуваме фармерки кои се преефтини
Нема ништо лошо во штедењето и купувањето поефтини варијанти на одредено парче облека. Меѓутоа, треба да размислиш која би била нормалната цена. Само затоа што во некоја продавница видиш фармерки на продажба по екстремно ниска цена тоа не значи дека веднаш треба да купиш 5 парчиња. Многу ниската цена, откри и за квалитетот на фармерките, затоа подобро да инвестираш повеќе пари и да имаш фармерки кои нема да се уништат за неколку месеци.
# Не мислиме на она што би требало да биде главен критериум - удобност
Важно е како ти стојат фармерките - секако, сепак сакаш во нив да изгледаш што е можно најдобро. Но, тоа не би требало да биде единствен и одлучувачки критериум кој треба да го имаш кога купуваш фармерки. Затоа е важно да се пробаат, но и кога ќе ги пробате да се обидете да седнете во нив или да клекнете. Доколку тоа не можете да го изведете или пак можете а не се чувствувате удобно - немојте да размислувате за купувате. Фармерките треба да бидат удобни во секоја поза, бидејќи во поминувате најмногу часови.