Провери дали си меѓу нив: Чехов составил листа со карактеристики на културните луѓе!
„Животот има свои услови. За човекот биде прифатен помеѓу образoваните луѓе, мора да биде културен“, му порачува во едно писмо рускиот автор Антон Павловиќ Чехов на својот помлад брат, составувајќи список со карактеристиките кои ги имаат културните луѓе.
# Тие ја почитуваат човековата лочност и затоа се секогаш љубезни, внимателни и подготвени да направат се за другите.
# Сочувствителни се кон сите, не само кон питачите и мачките. Се грижат и за она што не се гледа и подготвени се да се жртвуваат за да им помогнат на другите.
# Ја почитуваат сопственоста на другите и затоа ги враќаат своите долгови.
# Искрени се и ја презираат лагата. Не лажат дури ни кога се ситници во прашање. Не позираат, се однесуваат исто и на улица и во својот дом, не се прават „важни“ пред своите скромни пријатели.
# Не се понижуваат само за да предизвикаат сожалување. Не играат на карта поради чувствителноста на другите да освојат внимание.
# Не се грижат за лажните вредности, да се знаат со познати личности или да бидат самите они познати. Ако направиле нешто значајно, не прават од „фама“ и не се фалат со тоа.
# Ако имаат некој талент, го почитуваат. Поради него го жртвуваат одморот, љубовта, забавите, суетата. Горди се на својот талент, но и многу му се посветуваат.
# Имаат развиено чувство за убаво, естетско. Не одат во кревет без да облечат пижами, животниот простор го одржуваат чист. Тежнеат кон отменост, човечност, се восхитуваат на мајчинските чувства. Се држат до начелото - во здраво тело здрав дух.
Вака изгледаат културните луѓе. За да биде еден човек културен не е доволно да ги чита популарните романи и да посетува театар. Тој мора секојдневно да работи на себе, да чита, учи, да се труди и веднаш да ја исфрли суетата, бидејќи секој изгубен час се смета“ - вака Чехов го завршува писмото.