Првпат во историјата: Сестрите Хадид во исто време се појавија на насловната на францускиот Вог
Едни од најпопуларните манекенки на денешницата, сестрите Џиџи и Бела Хадид се појавија во исто време на две насловни на францускиот „Вог“ во изданието за мај/јуни 2020 година, што се случи само еднаш во историјата на овој магазин.
Имено, познатите сестри се појавија на дуплата насловна страница на новиот „Вог Париз“.
Нивната публика уште одамна ги нарече „најмодерните сестри на светот“ и поради тоа станаа перфектни кандидати за единствениот број на овој магазин, кој е ода на модата и соништата.
Говорејќи поради што го направиле ова, уредникот на францунскиот Вог, Емануел Алт рече:
„Во оваа меѓупросторна нестабилност, каде анкциозноста е зголемена, а непознатото царува, ова издание на „Вог Париз“ го прославува, повеќе од порано, она што го знаеме и сакаме“ - напиша тој.
Бела на насловната носи бел, фустан што се проѕира од пролетната колекција на Диор, додека на рацете и ушите носи златен накит и има темна „smokey eye“ шминка.
Од друга страна, нејзината сестра Џиџи носеше златен фустан со реси од есенската колекција за 2020 година на „Долче и Габана“, додека исто така носеше крупен накит, а на очите имаше виолетова сенка.