Ранец од 12.000 долари: Ќерката на Кајли Џенер тргна во училиште

Ранец од 12.000 долари: Ќерката на Кајли Џенер тргна во училиште

Објавена во: Совети // Семејство

Кајли Џенер е толку богата, што на нас обичните луѓе ни е толку чудно како таа се расфрла со парите. Училишниот ранец кој ѝ го купи на својата ќерка Сторми се вклучува во таа приказна. Имено, Сторми своите работи ќе ги носи во „Хермес“ ранец кој вреди како еден солиден автомобил.

Верувале или не, овој ранец може да се најде во слободна продажба и навистина чини луди 12.000 долари, пишува Daily Mail. Причината за волкавата цена може да ја погодуваме, но освен ако тој не е направен од кожа на диносаурус, единствено објаснување е дека е многу редок. „Хермес“ тешко дека направил повеќе од неколку примероци од ваквиот луксузен предмет, бидејќи дури и многу богатите луѓе најверојатно би се чувствувале како овци, доколку би го купиле. Но, не и Кајли, која сака да и дозволи многу работи на Сторми. Девојчето уште од порано има луксузни чанти, една од нив и вреди околу 2.000 долари.

Доколку се прашувате кој нормален родител би му дозволил на толку мало дете во училиште да оди со скапоцен ранец, треба да се каже дека Кајли не полудела толку. Имено, Сторми не оди ниту во јавно, ниту во приватно училиште, туку се образува од дома. На неа овој ранец всушност воопшто не и е потребен, но мама Кајли очигледно сака таа да има слично искуство како обичните деца. 


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: