Рекорден пад во високообразовните установи: за 10 години над 11 500 помалку запишани студенти

Рекорден пад во високообразовните установи: за 10 години над 11 500 помалку запишани студенти

Објавена во: Совети // School zone

Вкупниот број од 51.734 студенти кои се запишале во академската 2019/20 година, е најмалиот вкупен број на студенти во високообразовните установи, во последните десет години. Споредено со учебната 2010/2011 година кога на високообразовните институции се запишале вкупно 63.250 студенти, минатата академска година таа бројка се намалила за повеќе од 11.500 студенти (нешто повеќе од 18%). 

Трендот на опаѓање на вкупниот бројот на студенти во високите стручни школи и факултетите е во континуиран пад веќе 10 години.

Иста е ситуацијата и со запишани студенти само во прва година на студии, повторно со континуиран пад, со се' помал број од година во година, каде од запишани 19.805 студенти во прва година (тука се опфатени и студентите што по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година) во академската 2010/11 година, минатата академска 2019/20 година, во прва година се запишале 13.701. Што значи за десет години, бројот на запишани студенти само во прва година се намалил за 6.104 (30.8%).

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на извештаи, во Република Северна Македонија, во академската 2019/2020 година се запишани вкупно 51 734 студенти, што претставува намалување за 3.6 % во однос на академската 2018/2019 година.
Најголем број студенти (85.3 %) се запишани на државните високообразовни установи, додека 14.0 % се запишани на приватните високообразовни установи.


Број на студенти во високообразовните установи по години, за 10 години:

во академската 2019/2020 година се запишани вкупно 51 734 студенти
Во прва година на студии се запишани 13 701 студент

во академската 2018/2019 година се запишани вкупно 53 677 студенти
Во прва година на студии се запишани 13 931 студенти 

во академската 2017/2018 година се запишани вкупно 56 941 студент
Во прва година на студии се запишани 15 094 студенти 

во академската 2016/2017 година се запишани вкупно 58 083 студенти 
Во прва година на студии се запишани 16 710 студенти

во академската 2015/2016 година се запишани вкупно 59 865 студенти
Во прва година на студии се запишани 17 952 студенти

во академската 2014/2015 година се запишани вкупно 59 359 студенти
Во прва година на студии се запишани 18 942 студенти 

 во академската 2013/2014 година се запишани вкупно 57 746 студенти
Во прва година на студии се запишани 19 173 студенти ж

во академската 2012/2013 година се запишани вкупно 56 906 студенти
Во прва година на студии се запишани 17 213 студенти

во академската 2011/2012 година се запишани вкупно 58 747 студенти
Во прва година на студии се запишани 18 152 студенти

во академската 2010/2011 година се запишани вкупно 63 250 студенти
Во прва година на студии се запишани 19 805 студенти 

извор:Државен завод за статистика

Поврзани вести:

Како ќе изгледа наставата наесен: Првични информации од земјите од регионот



Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: