Ретко ја гледаме кај момците: Џастин Бибер ја покажа новата боја на коса
Пастелните бои за коса се тренд кој веќе со години се провлекува низ модата и досега многу познати дами го имаат испробано.
Помеѓу последните која се одлучи за овој откачен изглед е Лејди Гага, а сега и се придружи и Џастин Бибер.
Популарниот пејач е фотографиран во неделата во Беверли Хилс со пастелнорозева коса, како што имаше неговата сопруга на почетокот на годината.
Џастин се одлучи за едвај забележлива, нежна нијанса на розевата боја, но промената никако не беше суптилна, бидејќи оваа боја не сме навикнати да ја гледаме кај момците. Сепак, Бибер не е првиот кој се одлучи да се исфарба во розево.
Синот на Вил Смит, Џејден, на тој потег се одлучи летото 2017 година, а розева коса во неколку наврати имаше и актерот Џаред Лето.