Ретро стилови за зимска идила: 3 нешта за ексцентричен изглед
Крајот на година е се поблиску, а нашето внимание е насочено кон модните парчиња и додатоци кои ќе ги користиме за време на зимската сезона. Во морето различни модни парчиња, нашето внимание го привлекоа овие три рбаоти:
# Капути од вештачко крзно
Капутите од вештачко крзно кои се неодоливи, не потсетуваат на омиленото плишано мече од детството и оваа зима ќе биде во must have листата. Станува збор за предимензионираните, многу удобни капути кои одлично греат во зимските месеци, а притоа се многу стилски. Освен популарните и класични бои, оваа зима ќе се носат и капутите во боја.
1. Guess - 12.312 денари
2. Springfield - 3.599 денари
3. Mango - 3.743 денари
# Беретки
Капите се еден од оние модни додатоци кои секоја комбинација ја збогатуваат, а доколку мораме да одбереме еден од омилените бои, нашиот избор секогаш паѓа на беретките. Модната доминација на оваа популарна капа нема да недостасува ни оваа зимска сезона. Посебноста на истата лежи во тоа што им прилега на сите, па може да се носи независно од обликот на лицето.
Springfield - 799 денари
# Каубојски чизми
Уште еден ултимативен сезонски хит за зимава ќе бидат и чизмите во стил на дивиот запад, кој веќе наголемо доминираат на улиците. Овој многу популарен модел го опишуваат широките, цврсти и стабилни потпетици и нагласениот шпиц на предниот дел, а обично се украсени со везени детали. Тие лесно се уклопуваат во многу комбинации, оваа зима никако нема да погрешиш доколку ги одбереш популарните каубојки.
1. Mango - 7.192 денари
2. Mango - 3.192 денари
3. Mango - 5.992 денари
Примерите кои ги погледнавте, но и многу други можете да пронајдете на официјалната веб страница на Fashion Group Македонија.