Римска божица: Лина Пејовска се круниса
Трендовите постојано со менуваат. Секоја сезона различни додатоци се ИН, а секоја младата девојка тежнее кон следење на истите. Во изминатиот период венчињата и сите додатоци за коса се апсолутен хит.
Сигурно постојано на улица среќавате девојки со уникатни венчиња, шноли, дијадеми, марами и се прашувате од каде ги имаат купено, за да ја збогатите вашата колекција. Еден од најпосакуваните додатоци за коса е убедливо оној на младата пејачка Лина Пејовска.
Дијадемата, гранче со листови, која сигурно сте ја забележале на некој од филмовите за римскиот император Цезар, Лина одлично ја износи. Истата можете да ја најдете во продавниците на Parfois.
Но, доколку овој додаток не е по ваш вкус, сигурно ќе најдете некој прикладен за вас, на онлајн продавницата на Parfois, каде што има попуст на многу додатоци за коса.