Роденден на куче од милион долари: Среќниот славеник е пудлица, а прославата ја снимале 520 дронови
Екстраваганција на квадрат...
Сопственичката за роденденската прослава на своето куче потрошила повеќе од 13.000 евра. Забавата ја снимале 520 дронови, кои правеле различни формации на небото.
Така, на ноќната забава можеле да се видат блескави коски, колачи и куче кое излегува од кутија. Гордата сопственичка на мини пудлицата од Кина изјавила дека сама ја испланирала целата забава.
Инаку, настанот кој траел 30 минути, чинел повеќе од 13.000 евра.
Веруваме дека на кучето би им било помило наместо скапата прослава и спектакл на небото, да добие уште една торта, а сосема сме сигурни и дека единствено важно му е да биде сакано.