Роди, ама не роди син: 6 месеци подоцна животот ѝ се сврте наопаку
Слушате ваква приказна за бременост еднаш во животот и никогаш повеќе. Една мајка од Јужна Африка била убедена дека родила момче, но за шест месеци сè се свртело наопаку!
Кога Маделиша Хискок по втор пат останала бремена, нејзиниот сопруг и таа едвај чекале да го дознаат полот на бебето. На првиот ултразвук, лекарите помислиле дека е девојче. Два ултразвука подоцна биле сигурни во тоа. Маделиша веднаш знаела дека сака да ја крсти Мекензи, но таа не можела ни да сонува што ќе се случи за пет месеци.
На четвртиот ултразвук на Маделиша Хискок, лекарите смениле. Почнале да зборуваат дека Маделиша чека момче.
И покрај чудниот и збунувачки развој на настаните, Маделиша и нејзиниот сопруг биле подеднакво возбудени. Парот од Јужна Африка веќе имал тригодишна ќерка, па биле многу возбудени што ќе имаат син.
- Имавме впечаток дека полот на нашето бебе се менува од минута во минута, но не очекувавме дека ќе има проблеми по породувањето - рече тогаш Маделиша.
Кога се породила, лекарите го прегледале новороденчето и уште еднаш потврдиле дека е момче, а неговите родители го крстиле Кенет.
Тие брзо го крстиле и го известиле целото семејство дека го имаат својот прв син. Родителите ја исполниле детската соба со сини работи, автомобили и сè што ќе му треба на малото момче. Меѓутоа, како што минувале неделите, Маделиша и нејзиниот сопруг имале чувство дека нешто не е во ред.
Тие го одвеле Кенет во болница и по неколку тестови, родителите останале во шок со новата вест на лекарите!
Имено, нивното бебе е всушност женско и е родено со ретко генетско нарушување наречено вродена надбубрежна хиперплазија, состојба во која телото произведува премногу машки хормони. Ова довело до мешани гениталии, поради што лекарите го прогласиле бебето за момче.
Иако бебетопрвично го доби името Кенет, поради ова знаење, по пет месеци ја нарекоа Мекензи, а денес прерасна во здрава и убава девојка.
Фото: Фејсбук