Русокосите во поход на Тирана: Доминација во црно
Македонската поп пејачка Тамара Тодевска и младата пејачка Лина Пејовска изминатите денови се актуелни по новите песни, со кои се претставија пред албанската публика на музичкиот фестивал Kënga Magjike.
Вчеравечер тие повторно заблескаа на сцената, а оттаму споделија неколку фотографии. Најпрво Лина сподели стори на Инстаграм од нив две, а потоа следуваше вистинското лудило.
Имено, секоја од нив сподели по една фотографија од осветлениот тунел. И двете беа облечени во црно од глава до петици. Тамара црното го „разби“ со црвен кармин, додека Лина тоа го направи со зелено тренди ременче.