Садат Јакупи од Скопје победи на изборот за мал Мистер на галаксијата
Садат Јакупи од Скопје победи на детскиот избор за убавина „Little Miss and Mister Galaxy“, кој се одржа во Банско, Бугарија. Осумгодишниот Садат од овој избор се врати со уште една титула, Top model Galaxy.
Садат е член на Модното студио „Црнокрак“ и заедно со неговите родители и со Мики Црнокрак претстојуваа седум дена во Банско, каде што со другите учесници од многу држави од целиот свет се подготвуваа за големото финале.
На изборот и Мики Црнокрак доби титула за најдобар Национален Директор и тоа трета година по ред.- со Садат
„Прекрасно е чувството да се претставува Македонија надвор од границите, а кога при тоа ќе се вратите дома со титули, задоволство е навистина комплетно. Нашиот Садат заслужено ја освои титулата, првенствено со својата убавина и шарм, на кој не останаа рамнодушни сите членови на жири комисијата, но и со својот однос, кој за цело времетраење на изборот го имаше во Банско како кон организацијата, така и кон неговите другарчиња, односно колеги од целиот свет. Би сакале во оваа прилика да се заблагодариме и на „Ансамбл Кочо Рацин" од Скопје, кои ни обезбедија народна носија за Садат, во која тој меѓу другото се претстави на овој избор“, изјави Мики Црнокарк.