Сакаш милениче? Ова се обврските што те очекуваат!
Сите во друштвото имаат милениче освен тебе? Дали мислиш дека си подготвен/а за толкава обврска?
Секој трет што го познаваш дома веќе има маче или куче и секојдневно гледаш слики од нив на Фејсбук, Инста или Снеп. Знаеме дека миленичињата носат радост и знаат да те опуштат, меѓутоа земи ги во предвид и следниве обврски што ќе те очекуваат.
# МачкиВистина е дека мачките бараат помалку работа отколку кучињата, меѓутоа сепак тоа зависи дали си 'cat person' или 'dog person'.
Сепак, ова не значи дека мачките е полесната опција. Мора редовно да ги храниш и да ги носиш на ветеринар. Иако не мора да им посветуваш внимание колку на кучуњата, мачките секогаш ќе се врткаат околу тебе. Можеби нема да сакаат да си играат со тебе толку често, меѓутоа ќе бидат тука.
# КучињаКучињата се најблагодарните животни на светот, не за џабе се вели дека тие се најдобриот пријател на човекот. Меѓутоа, бараат повеќе „работа“ - треба да ги шеташ 2-3 пати дневно за да извршат нужда, исто така треба да чистиш по нив низ дома дур не се научат и исто така треба редовно да ги носиш на ветеринар.
За разлика од мачките, кои би ги собрало и во помал стан, доколку немаш доволно голем простор, не земај куче, бидејќи така само ќе го малтретираш кутрото животинче. На кучињата им е потребно да се изнатрчаат еднаш дневно, ако не и почесто.