Сакаш тиркизна боја на коса како Кајли или зелена како Били: Работи кои треба да ги знаеш пред да ја обоиш во овие нијанси

Сакаш тиркизна боја на коса како Кајли или зелена како Били: Работи кои треба да ги знаеш пред да ја обоиш во овие нијанси

Објавена во: Мода // Moj стил

Дознајте сѐ - од процесот до последиците и како правилно да се подготвите за оваа драстична промена...

Тинејџерските години се идеални за експериментирање со соптствениот изглед. И додека некои од нас експериментираат со шминка или облека, други се похрабри и се одлучуваат за потрајни промени, како бојадисувањето на косата во розеви или виолетови нијанси. Во продолжение ти пишуваме сѐ што мора да знаеш, доколку собереш доволно храброст за толку голема промена.

# Подготви се за бланширање на косата

Доколку вашата коса не е природно сина, постои голема шанса дека прво ќе морате ја бланширате косата, за бојата која ја посакувате да биде видлива. Сите бои за коса со неприродни нијанси се полутрајни, што значи дека може да бидат видливи само доколку косата е правилно подготвена.

# Тоа обично е долготраен процес

Споменавме дека најпрво мора косата да се бланшира, но тој процес на избелување на косата може да биде долготраен, зависно од моменталната боја на вашата коса, па најверојатно нема да може да го добиете со една посета кај вашиот стилист за коса. Освен тоа, овој процес ја оштетува косата, затоа бидете подготвени дека ќе мора да ја негувате косата повеќе од порано. Помеѓу посетата на салоните избегнувајте користење на пегла или фигаро за коса и редовно користете регенератор, за вашата коса да биде здрава, но и за вашата посакувана боја што поубаво да се прими на косата.

# За почеток препуштете се на професионалците

Фарбањето на косата бара многу вештини и знаење за природата на косата и хемијата, па поради тоа не препорачуваме самостојно да ја фарбате дома, барем не во почетокот. Вашиот фризер ќе ви понуди неколку опции и ќе знае да ја измеша бојата за да се постигне посакуваната нијанса. Доколку таа боја ви се допаѓа и сакате да ја одржувате, дознајте од вашиот фризер како тоа самостојно да го правите дома.

# Потреба е нега

Откако ќе ја бојадисате косата, вашите обврски само што почнуваат. Косата по целиот процес станува кревка и треба да ја негувате со правилни козметички препарати. Користете шампони и регенератори за фарбана коса, а квалитетот на косата може да го зачувате со специјализирани маски.

# Бојата ќе избледи

Сега кога веќе ја постигнавте идеалната нијанса на косата, не значи дека тоа ќе остане така засекогаш. Напротив, бојата во неприродна нијанса бледее многу побрзо од класичната боја за коса. Зависно од тоа за која боја ќе се одлучите, можеби ќе мора да ја фарбате косата секои две недели за бојата да остане еднакво интензивна. Но, некои бои, покрај виолетова, бледеат во прекрасни пастелни нијанси, па можеби и тие ќе ви се допаднат.

# Косата миете ја со ладна вода

Знаеме, не звучи баш  најдобро, но е многу корисно. Миењето на косата во ладна вода е гаранција дека бојата поспоро ќе бледее, а и коса ќе ви биде посјајна и посвиленкаста.

# Боја ќе има насекаде

Оваа последица е едноставно неизбежна, особено доколку се одлучите да ја фарбате косата дома. Бојата ќе биде насекаде, на вашите раце, на перниците и насекаде во бањата. За среќа, со малку избледувач дамките ќе ги тргнете. Исто така, те осветуваме првите неколку миења да ги правите со ракавици, за да не мора да се грижите за дамките на рацете.

# Бидете подготвени на разни коментари

Луѓето сакат да го кажуваат своето мислење за сѐ, дури и кога тоа не е позитивно. Поради тоа морате да се подготвите дека вашата необична боја на коса ќе добива многу коментари. Големиот дел секако ќе бидат позитивни, но може да наидете и на злобни коментари. Во тој случај имајте на ум дека постојат поделени мислења и никогаш нема на секој да му се допаднете, независно од бојата на косата. Најважно е на вас да ви се допаѓа бојата на коса и со неа да чувствувате повеќе самодоверба и секкао да се чувствувате убаво.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: