Samsung Electronics освои 45 награди, вклучително и 2 златни, на Меѓународните награди за извонредност во дизајнот 2024 година
Компанијата доби две златни, една сребрена и две бронзени награди - со 40 финалисти - за иновативни решенија за дизајн кои го унапредуваат животниот стил и искуствата на потрошувачите
Samsung Electronics денес објави дека освои признанија за својата извонредност во дизајнот на доделувањето на Меѓународните награди за извонредност во дизајнот (IDEA) за 2024 година. Признанијата вклучуваат две златни, една сребрена и две бронзени награди, како и 40 финалисти.
IDEA — една од најпрестижните светски програми за награди за дизајн - ја организира Здружението на индустриски дизајнери на Америка (IDSA). Основана во 1980 година, IDEA ги наградува достигнувањата во индустрискиот дизајн. Оваа година IDEA избра победници во 20 категории, како што се дом, технологија за потрошувачи и дигитална интеракција. Клучните критериуми за евалуација, исто така, вклучуваат иновации во дизајнот, корист за корисникот, корист за општеството и многу повеќе.
Дизајнот на Samsung ги одразува промените на вредностите и иновативната технологија на компанијата. Компанијата е наградена за својата извонредност во дизајнот фокусиран на животниот стил и искуствата на потрошувачите.
„Овие награди се важна потврда на нашата неуморна заложба за поместување на границите на дизајнот, додека истовремено нашите креации резонираат со луѓето“, рече Т.М. Рох, претседател и раководител на Центарот за корпоративен дизајн во Samsung Electronics. „Како што одиме напред, ќе продолжиме со особен фокус на развивање на иновативни дизајни кои истовремено ги збогатуваат животите на нашите корисници и остануваат верни на суштината на секој производ“.
Samsung освои две златни награди за овие исклучителни иновации:
-Galaxy AI UXвоведува значајна интелигенција насочена кон подобрување на секој дел од животот, особено со овозможување беспрекорна комуникација насекаде и во секое време. Функциите што ги донесува може лесно да се користат во секојдневниот живот - со преведување што им пркоси на јазичните бариери, превод во живо, кој автоматски преведува гласовни повици, помош за забелешки, што им овозможува на корисниците да создаваат интелигентни резимеа според нивните белешки, помош при пребарување, што им овозможува да сумираат и преведуваат веб-страници и помош за разговор што им дозволува да пишуваат на јазикот на кој им е најудобно.
-Концепти за напреден дизајн за додатоци на апаратите за домаќинството - наречени „Идентитет на одржливиот дизајн за додатоци на домашни апарати“ означуваат три бои за додатоците - како што се филтри за правосмукалки и пречистувачи на воздух - во зависност од нивните барања за одржување и методите за отстранување. Преку ова подобрување на дизајнот, корисниците можат полесно да ги препознаат потребите на нивните додатоци, особено ако тие се променети или ажурирани.
Samsung освои сребрена награда за овој врвен производ:
-Galaxy Z Flip 5, телефон на преклоп кој користи нов фактор на форма и поголем надворешен екран за да го максимизира корисничкото искуство.
Samsung освои две бронзени награди за овие хармонични дизајни:
-Серијата Galaxy Tab S9 ја комбинира преносливоста на таблетот со моќната функционалност на лаптопот. Разновиден формат и робусните алатки и апликации ги прават овие таблети изненадувачки моќен центар за продуктивност во текот на денот.
-AI Vision Inside[1] препознава до 33 артикли на свежа храна кога се внесуваат и изнесуваат од фрижидерот Bespoke 4-Door Flex™ со AI Family Hub™+ [2] и потоа го пополнува списокот со храна на корисникот.
Од производ до UX дизајн, вкупно 45 награди за телевизори, апарати за домаќинство и паметни телефони
Широк спектар на дизајни на Samsung беа прогласени за финалисти, вклучувајќи:
-Neo QLED 8K, телевизор кој овозможува извонредно искуство со infinity air дизајнот.
-Music Frame, приспособлив безжичен звучник, дизајниран беспрекорно да се вклопува во опкружувањето.
-Bespoke AI Laundry Combo™, сé-во-едно машина за перење и сушење алишта.
-Easy Setting Box, што им овозможува на корисниците да ги поделат екраните на повеќе делови за подобрен мултитаскинг и продуктивност. Исто така, обезбедува функционалност на компјутер и на паметен монитор со користење на еден маус, без далечински управувач.
-Galaxy Z Flip5 Maison Margiela Edition Package ја отсликува специјалната соработка со париската куќа за висока мода Maison Margiela, која со користење на посебна шема на шиење во делот за преклопување го одразува неговиот недовршен стил. Хартиената ткаенина која ја покрива надворешноста на пакувањето беспрекорно го вклопува уредот со естетиката на високата мода на ателјето на Maison Margiela.
###
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
[1]Од март 2024 година, AI Vision Inside може да препознае до 33 прехранбени производи, како свежо овошје и зеленчук. Ако некоја храна не е препознатлива, таа може да биде наведена како непозната ставка. AI Vision Inside не може да идентификува или наведе храна во корпите од вратите на фрижидерот или замрзнувачот. Препознава прехранбени производи врз основа на модели за длабоко учење, кои може периодично да се ажурираат за да се подобри точноста.
[2]Именувањето е различно по региони. Северна Америка: Bespoke 4-Door Flex™ Refrigerator with AI Family Hub™+, Латинска Америка: Bespoke 4-Door French Door Refrigerator with AI Family Hub™+.
Пр објава