Samsung поставува нови мерила за ТВ безбедност со сертификатот FIPS 140-3
Samsung Crypto Core, модулот за шифрирање на Samsung, обезбедува засилена безбедност на податоците преку своите производи за приказ
SamsungElectronicsденес објави дека нивниот сопствен криптографски модул, SamsungCryptoCore[1], го доби престижниот FIPS 140-3 сертификат[2] од Националниот институт за стандарди и технологија (NIST). Овој сертификат ја потврдува посветеноста на Samsung за обезбедување водечка сигурност и заштита на податоците за корисниците на паметни телевизори.
„Со сè поголемата поврзаност на системите за домашна забава, за технолошките компании од огромно значење е да ги заштитат личните податоци што овозможува беспрекорно поврзувањево кое уживаат многу корисници,“ изјави Јонгџае Ким (YongjaeKim), извршен потпретседател и раководител на тимот за истражување и развој,VisualDisplayBusinessвоSamsungElectronics. „Со интеграција на CryptoCore со сертификатот FIPS 140-3 во нашите паметни телевизори, Samsung ја подигнува својата посветеност на безбедноста на домашната забава на ново ниво, обезбедувајќи корисниците слободно да ја искусат вредноста на нашите производи.“
Од 2025 година, SamsungCryptoCore ќе биде целосно интегриран во Tizen OS[3], оперативниот систем за паметни телевизори на Samsung, за зајакнување на безбедноста на клучни производи како што се телевизорите, мониторите и дигиталнитенатписи. Со вграден SamsungCryptoCore во Tizen OS, личните податоци поврзани со сметките на Samsung ќе бидат безбедно шифрирани, информациите за автентикација преку SmartThings ќе бидат заштитени од надворешни хакерски закани, а содржината гледана на телевизорите ќе има корист од подобрена заштита на авторските права.
Од 2015 година, Samsung ги опремува своите паметни телевизори со SamsungKnox[4], безбедносна платформа која 10 последователни години го добива Сертификатот заопшти критериуми (CC)[5]. Но, со новодобиениотсертификатFIPS 140-3,Samsung уште повеќе ја зајакнува својата одбрана од хакерски напади и пробиви во податоците, проактивно заштитувајќи ги личните информации со напредна технологија за шифрирање.
Признаен од владите во 10 земји[6],сертификатот FIPS 140-3 бара опсежно тестирање на криптографските модули за да се осигура нивната безбедност, интегритет и сигурност. За корисниците, ова значи дека паметните телевизори на Samsungнудат најсовремена заштита од нарушување на приватноста, овозможувајќи им на корисниците безбедно и без грижи да уживаат во својата содржина, да поврзуваат паметни уреди и да користатIoT услуги.
За SamsungElectronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на SamsungNewsroom: http://news.samsung.com/mk/.
[1]SamsungCryptoCore е софтверска библиотека која ги шифрира и дешифрира податоците за време на преносот и складирањето.
[2]Федералниот стандард за обработка на информации (FIPS) 140-3 ги опфаќа безбедносните барања за криптографските модули.
[3]Tizen OS 9.0.
[4]SamsungKnox обезбедува заштита на приватноста на своите паметни телевизори преку функции како што се Tizen OS Monitoring, PhishingBlockingSite и KnoxVault. KnoxVault е достапен само на моделите QN900D и QN800D.
[5]Сертификатот за општи критериуми (CC) е глобален безбедносен стандард признат во 31 земја за интегритет на ИТ производите.
[6]Признат во САД, Канада, Велика Британија, Германија, Франција, Јужна Кореја, Јапонија, Сингапур, Австралија и Нов Зеланд.