Се навлече на тетовирање: Антониа Гиговска покажа уште еден „цртеж“ на своето тело (ФОТО)

Се навлече на тетовирање: Антониа Гиговска покажа уште еден „цртеж“ на своето тело (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Во светот на познатите, ретки се оние кои немаат тетоважа на своето тело. Од Џастин Бибер, па се до Ариана Гранде, многу познати ѕвезди имаат истетовирано барем една точка.

Кон овој тренд пред една година се приклучи и младата и атрактивна пејачка Антониа Гиговска. Првата тетоважа, поточно зборчето „CONFIDENCE“ го стави на пределот под градите, а по неа следуваа уште две на рацете. Едната е годината на нејзното раѓање, а воедно и насловот на нејзиниот прв албум „2001“, а другата е магнет, кој најверојатно е симбол за истоимената песна, која постигна значителен успех.

Дека Антониа се навлече на тетовирањето говори и нејзиниот најнов „цртеж“. Имено, Антониа вчера откри дека има нова тетоважа, која ја смести веднаш зад увото. Зборовите „kiss here“ сега уште детаљ кој го краси телото на младата пејачка, а како изгледа погледнете во продолжение:


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: