Не остана имуна на светскиот тренд: Антониа Гиговска на тетовирање
Во светот на познатите, ретки се оние кои немаат тетоважа на своето тело. Од Џастин Бибер, па се до Ариана Гранде, многу познати ѕвезди имаат истетовирано барем една точка.
Кон овој тренд сега се приклучи и младата пејачка Антониа Гиговска. Имено, таа денес реши за првпат да се истетовира, а бидејќи сите велат дека кога ќе направиш една тетоважа, подоцна се навлекуваш, останува да видиме дали за брзо време Антониа ќе се одлучи за уште некој цртеж на телото.
Од она што можеме да го видиме од видеото кое се појави на социјалната мрежа Инстаграм, пејачката го истетовира зборот „confidence“, кој во превод значи „доверба“.