Се омажи со пријател на татко ѝ, а мајка ѝ ја испрати в затвор: Бар Рафаели - манекенката која го измами светот
Бар Рафаели е
модел, телевизиска водителка, актерка и претприемач. Таа важи за една од
најуспешните манекенки од Израел. Се појави на насловната страница на „Sports
Illustrated Swimsuit Issue“ во 2009 година и беше прогласена за број еден на
листата „Жешки 100“ на магазинот Маким за 2012 година.
Иако има 38 години, манекенката изгледа барем една деценија помладо. Покрај одличната генетика, убавината и линијата ја одржува со редовен тренинг и здравата исхрана. Со оглед на тоа дека е и мајка на две деца, Бар навистина изгледа феноменално.
Бар важеше за една од најплатените манекенки во Израел според Форбс Израел во 2013 година.
Но, поради неплаќање даноци, судот и наложи да плати осум милиони долари долг од 2009 и 2010 година. Нејзините адвокати ја бранеа тврдејќи дека речиси цело време била во Америка и дека живеела со нејзиното тогашно момче Леонардо ди Каприо, но се докажало дека таа сепак поминала повеќе од 150 дена годишно во Израел.
Сепак, на крајот нејзината лага беше откриена. Манекенката ја плати казната, а наместо неа во затвор отиде нејзината мајка. Беше осудена на 16 месеци затвор и парична казна од 2,5 милиони шекели и плаќање заостанати даноци.
Покрај оваа измама, Бар Рафаели предизвика контроверзии и кога избегна да отслужи две години задолжителен воен рок со тоа што се омажи за пријател на нејзиниот татко, а потоа се разведе од него. Според тамошниот закон мажените и трудниците се ослободени од воена служба во Израел.
Инаку, поранешниот ангел на Викторија сикрет од 2015 година е во брак со претприемачот Ади Езра (46), кој по потекло е од Израел, како и таа. Двојката ги има ќерките Лив и Ела и синот Дејвид.