Се отвара наслаткиот хотел на светот - Нутела хотел!

Се отвара наслаткиот хотел на светот - Нутела хотел!

Објавена во: Мода // Moj стил

Три среќници ќе може да уживаат во најкреативниот и најпосебниот појадок во животот.

Во јануари во долината Напа се отвара хотелот Нутела и тројца среќници ќе освојат влезници за викенд во ова најслатко сместување на светот, јавува Forbes. 

Искуството за викенд појадок во хотелот Нутела вклучува разгледување на местото и три ноќевања во хотелот, со „најкреативно искуство за појадок со истакнати професионалци“.

Овој pop - up хотел е стациониран на приватно земјиште, а познатиот готвач Geoffrey Zakarian ќе ги сретне добитниците и ќе ги научи како се подготвува оптимално здрав појадок.

Се што е потребно за да се пријавите е да имате американско државјанство, потоа да снимите видео од 60 секунди во кое објаснувате на кој начин Нутела ви го разубавува утрото.

Изборот на финалистите се темели на „страста за Нутела“, а потоа на „оригиналната креативност“, а пријавата трае до 8 декември.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: