Се сврте и предизвика моден земјотрес: Зендаја покажа како без грам вулгарност ужива во „голиот“ тренд (ФОТО)
Амерканската актерка Зендаја Колман повторно покажа зошто ѝ нема рамна кога се црвените килими во прашање...
Познавачите на модата се загрижија за тоа што ќе се случува со стилот на американската актерка Зендаја откако нејзиниот стилист Ло Роуч најави дека ќе се повлекува, но изгледа дека нема зима - тој и понатаму е нејзин најблизок соработник, а тоа значи дека ќе ја гледаме во уште многу неверојатни модни комбинации.
За сѐ да биде уште подобро, пред неколку дена е потврдено дека ѕвездата на филмовите „Dune“, „The Greatest Showman“ и серијалот за Спајдермен е ново заштитно лице на модната куќа „Louis Vuitton“.
Актерката сега за првпат се појави на некој настан како амбасадорка на овој француски бренд и уште еднаш нѐ потсети зошто Здружението на модни дизајнери на Америка ја прогласи за најмлада модна икона.
Зендаја на „Cinemacon“ пристигна во многу елегатна комбинација - во панталони со широки ногавици и висок струк, кои очигледно се инспирирани од деловниот стил, кои ги искомбинира со бели високи потпетици и шик елек, кој е сѐ, само обичен не.
Во прашање е модел кој во целост го открива грбот, има длабоко деколте и тенки долги ревери, а Зендаја го носеше на голо тело.
Овие парчиња се дел од колекцијата на брендот „Louis Vuitton“ за есен 2023 година и можеше да ги видиме како комплет на ревијата на која беа претставен, а на Зендаја изгледаат како уште поефектен спој на класиката и авангардата.
фото: Принтскрин / Инстаграм