Седум совети како да престанете да ги грицкате ноктите

Седум совети како да престанете да ги грицкате ноктите

Објавена во: Мода // Moj стил

Живееме во доста стресни времиња кога не знаеме како да се справиме со внатрешните немири на вистински начин, така честопати подлегнуваме на грди навики.

Една таква грда навика е секако грицкањето на ноктите, а катастрофален е фактот дека дури 30 проценти од населението го има овој проблем. Според д-р Кетлин Ривери, психијатар за деца и адолесценти во Здравствениот институт Нуванс, гризењето на ноктите е едноставно начин да се смирите.


„Самиот чин да се приближат ноктите до устата и да се грицкаат, го смирува нервозниот човек“, рече д-р Ривера за „Космополит“.

Откако ќе станете зависни од грицкањето на ноктите, од оваа навика е многу тешко да се ослободите. Голем процент од луѓето се борат со овој проблем до крајот на животот, додека за оние кои одлучуваат да се ослободат од лошите навики, одвикнувањето може да трае до десет години. Како и да е, не треба да се губи надеж, туку да се стисне заби и и да се оддалечат ноктите од нив. Само имајте на ум дека секој почеток е тежок и дека со малку труд и време се е можно.
Ако имате проблеми со грицкањето на ноктите, овие неколку совети може да ви помогнат:

# Користете лак за нокти со горчлив вкус
Интересно е што пред да се појават горчливи лакови за нокти, жените ставале пасиран лук во лак за нокти за да може да мириса лошо и да се ослободат од грицкање.

# Секогаш имајте прибор за нокти при рака 
Колку пати сте ги гризеле ноктите само за да поправите нерамномерност на вашиот маникир. Поради оваа причина, би било корисно секогаш да имате прибор за нокти во близина, така што веднаш штом забележите каква било неправилност околу ноктот, можете да го поправите со прибор, наместо со заби.

# Водете дневник за „грицкање“
Знаеме дека звучи чудно, но овој метод се покажа како навистина ефикасен во пракса. Поентата е да напишете во вашиот дневник на крајот на секој ден како помина тој ден во однос на гризењето на ноктите и колку би го оцениле целодневниот успех (или неуспех). Може да пишувате и што ве натерало да ги гризете ноктите тој ден или што ве направило нервозни. Значи, овој необичен дневник може да се претвори во ваша мала психотерапија.

# Секогаш имајте налакирани нокти
Лакираните нокти нема лесно да се гризат. На крајот на краиштата, колку повеќе сте вложиле во маникир, толку повеќе ќе чувствувате жал за тој напор. 

# Визуелизирајте ги вашите идеални нокти
Можете да користите Instagram или Pinterest за фотографии од совршени маникири и нокти. Ова ќе ви даде дополнителен мотив да се потрудите да имате идеални нокти.

# Носете ракавици
Ова е еден од триковите што можете да ги користите додека сте дома (и со оглед на ситуацијата околу пандемијата, можете во јавност). Се разбира, сега не е време за волнени ракавици, туку за медицинските што можете да ги купите во која било аптека.

# Ако тоа не функционира, побарајте стручна помош
Понекогаш не е срамно да признаете дека сте неуспешни во нешто и дека не можете и не знаете како да го победите непријателот сами. Ако навистина видите дека не можете да се справите со нервозата, негативните емоции и вашата зависност, побарајте стручна помош од психолог.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: