Секој ден ќе те забавуваат со „кул“ содржини: Заследи ги овие Инстаграм профили

Секој ден ќе те забавуваат со „кул“ содржини: Заследи ги овие Инстаграм профили

Објавена во: Мода // Moj стил

Секако секој ден поминуваш неколку часа на Инстаграм, а сега можеби е време да ја освежиш твојата почетна страна.

Инстаграм со гаранција е една од социјалните мрежи кои ја посетуваш секојдневно. Во морето различни профили, како да најдеш некои други и нови, освен ако твојата пријателка не ти препорача некој интересен кој го пронашла. Во деновите кога активностите ти се сведени на минимум и се препорачува повеќе време да поминуваш дома, Инстаграм е место од местата на кои можеш да го трошиш слободното време.

Во продолжение ти предлагаме неколку профили со различни содржини кои можеш да ги заследиш:

# @babybearyuki

Доколку сакаш секој ден да се топиш од убавина, ова е профил кој секако треба да го заследиш. Без разлика дали си љубител на кучиња, Yuki ќе те воодушеви.

# @topithecorgi

Уште едно кученце чиј профил е интересен за следење. Доколку сакаш кучиња, сигурно нема да оддолееш на преслатките фотографии и видеа кои ги објавуваат неговите сопственици на овој профил.

# @lolaliner

Ти недостасува инспирација за мејкап или сакаш да видиш само кои производи се предобри? Јутјуберката Katie Mulcahy редовно објавува кратки туторијали на својот Инстаграм профил, а и целата естетика на профилот и е многу задоволувачка. Дури и објавите кои не се поврзани со мејкап изгледаат супер.

# @foodie.snacks

Овој профил е наменет за сите љубители на вкусна и интересна храна. Овде може да најдете многу интересни специјалитети, но и видеа како може да ги подготвите.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: