Селена призна дека нејзиниот нов албум е за Џастин
„Луѓето секако со текот на времето ќе сфатат од каде ми е инспирацијата...“
Селена Гомез го објави новиот албум „Rare“ и веднаш започнаа шпекулациите дека поголемиот број песни од албумот се посветени на нејзиното поранешно момче, Џастин Бибер. Но, не погрешија, а тоа го потврди и самата Селена, јавува Cosmopolitan.
Во интервју за Apple Music раскажа дека едноставно одлучила да биде поотворена и поискрена во новите песни. „Не го правев тоа на одмаздувачки начин, едноставно си реков, океј, имам право да ја раскажам својата страна на приказната. Луѓето со текот на времето ќе сфатат од каде ми е инспирацијата. Но, со тоа и завршува“ - рече таа.
Исто така зборуваше за тоа како јавните врски многу брзо стануваат чудни, а иако не сме сигурни дали овој дел е за Џастин или не, еве што кажа:
„Проблемот настанува тогаш кога ќе сфатиш дека си во врска со некој поради другите луѓе, поради јавноста, а не поради себе. А внатре во нашиот свет мораш да одлучиш дали врската е поради тебе или е само предствата.“ - раскажа Селена.