Шајло Џоли Пит го ископира стилот на Анџелина Џоли: Луѓето не може да престанат да ја гледаат - таа е преубава (ФОТО)

Шајло Џоли Пит го ископира стилот на Анџелина Џоли: Луѓето не може да престанат да ја гледаат - таа е преубава (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит е совршен спој на двајцата најубави луѓе на планетата, но повторно - таа како да не го приметува тоа...

Шајло Џоли Пит сега има 16 години и самостојно вози автомобил по Лос Анџелес. Оној момент кога наполни 16, Шајло ја скрати косата и луѓето се воодушевија со нејзиниот стил. 

фото: Profimedia

Скоро истата фризура ја имаше и Анџели Џоли кога беше во раните 20-ти, па сега сличноста помеѓу мајката и ќерката е уште повпечатлива.


Синоока, русокоса и со бел тен, Шајло е совршен спој на двајцата најубави луѓе на планетата: Анџелина Џоли и Бред Пит.

Кога имала само 2 години барала да ја викаат Џон. Нејзините познати родители гордо зборуваа кога Шајло мисли дека е една од браќата, и дека немаат намера да ѝ го ограничуваат полот.

Растејќи во либерално опкружување, Шајло често носеше машка облека и се стрижеше кратко. Затоа предизвика неверојатно внимание кога пред две години се појави на црвениот тепих со мајка си облечена во фустан и шминка.

Целиот свет зборуваше дека Шајло ја прифатила својата женственост. Но, вистината е дека Шајло има свој стил и не е родово определен.

Покрај изгледот, најстарото биолошко дете на Бред и Анџелина Џоли има и талент кој привлекува сѐ поголемо внимание во јавноста. Имено, неодамна беше објавено видео во кое Шило танцува, а на сите им е јасно дека има повеќе од совршени движења:

„Нејзиното танцување ми носи солзи во очите. Не знам од каде го доби, Бог знае дека сум човек со две леви стапала“ - го коментирал Бред Пит неверојатниот талент на својата ќерка.

фото: Принтскрин / Profimedia

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: