Шестгодишно момче станува во 6 часот: Само си ги подготвува појадокот и облеката, а пропратно го чисти и домот
Видеото од утринските рутини на 6-годишното момче собра 27.2 милиони прегледи. На ова момче не му е потребна помош пред да тргне на училиште. Само станува во шест часот, си ја подготвува облеката, ги мие забите и лицето, па си прави појадок и завршува дел од домашните обврските.
„Моето бебе има шест години и секој ден станува во 6 часот. Само си прави појадок, ги завршува домашните обврски и потоа оди на училиште“ - стои во описот на видеото објавено на ТикТок.
Откако ќе стане, момчето зима облека и се облекува, а потоа оди во тоалетот каде ги мие забите и лицето. Потоа појадува, врши нужда, ја чисти wc школката и стаклата од туш кабината. Валканата облека ја става во машината за алишта, си го мести креветот и го чисти подот во домот. На крајот ги чисти своите чевли и излегува од дома со вреќа ѓубре, која ја фрла по пат.
Луѓето кои го погледнале видеото имаат поделени мислења за оваа рутина на момчето.
„Значи, подготвен е да се отсели“, „Дозволете му на детето да биде дете“, „Тој всушност нема детство. Го поминува живеејќи како возрасна личност“, „Каде му се родителите?“, „Зошто дете од шест години го прави сето ова?“, „Зарем не би требало да си игра надвор?“, „Импресивно, но загрижувачки“ - напишаа некои, додека други ги пофалија родителите на момчето:
„Дете од моите соништа“, „Родителите му прават услуга и го подготвуваат за успех. Тој ќе им биде шеф на вашите деца“.