Шминката е одлична за пополнување време во изолација: Препораки од стилистот Даниел Николовски

Шминката е одлична за пополнување време во изолација: Препораки од стилистот Даниел Николовски

Објавена во: Moj стил, Интервјуа

Министерството за здравство, на чело со Министерот Венко Филипче, секојдневно не потсетува на сите препораки и мерки кои треба да ги преземете за да се заштитиме од коронавирусот. Додека трае периодот кога сите треба да останеме дома, можеби најмногу ги погоди припадничките на женскиот пол. Тие на неопределен период мора да заборават на третманите за нивната коса и лице, кои ги прават во салоните за убавина.

Поради тоа, еден од најпознатите стилисти за коса и шминка, Даниел Николовски ни откри дека иако посетите на фризерските салони се сведени на минимум, треба многу да внимаваме на личната хигиена.

„Со оглед на тоа дека сите сме во карантин за заштита на самите нас и нашите најблиски, личната хигиена е огромен помагател да не дојде до заболување и ширење на вирусот. Токму поради тоа би препорачал редовно миење на косата со PH неутрален шампон во домашни услови и кај мажите и жените.“ 

Тој следејќи ги препораките го затворил својот салон, со цел да се заштити себе, своите вработени, но и клиентите кои го посетуваат.

„Мојот салон за убавина е затворен периодов и ќе биде се додека не се среди ситуацијата до степен да нашето дејствие не е опасност за нашите клиенти, па и самите нас како тим. Сите јавни настани и концерти се одложени така што и нашето естрадно небо, како и сите останати сами се грижат за својот изглед од кога е објавена пандемијата од вирусот.“ - истакна Даниел, а потоа додаде дека немало некоја значајна разлика во побарувачката до пред јавноста да се информира за опасната и последиците од вирусот:

„Искрено до пред да донесеме одлука за тоа да го затвориме студиото за времетраењето на целава ситуација, побарувачка имаше, но можеби не во мера кога нема корона, но сепак ќе кажам дека тој период и немаше многу информираност околу опасноста и последиците кои ги носи вирусот, а при првото сознание ние веднаш изреагиравме со тоа што донесовме одлука согласно со мерките за претпазливост.“ 

Според Даниел шминкањето за време на изолација е одлична занимација за сите оние кои сакаат да го подобрат начинот на кој се шминкаат.

„Искрено сите ние седиме по дома периодов, а шминката е дефинитивно една креативна алатка за пополнување време, така што на сите кои им е досадно по дома, а имаат желба да го подобрат сопствениот начин на шминкање можат да следат туторијали и да вежбаат. Но, моја препорака е после и пред секое намесување шминка да се посвети многу нега на лицето и да се користите антибактериски маски за лице.“ 

Тој исто така потенцираше дека се уште нема откажување на термините кои ги закажале овогодинешните матурантки.

„Термините за матурските прослави се веќе потврдени и скоро целосно пополнети и токму поради тоа се надевам дека до тогаш целата ситуација ќе стивне, а овие млади и убави луѓе ќе можат да имаат ноќ за паметење, како што сме имале сите ние.“ - надежно сподели Даниел, а воедно ни раскажа и како тој ги поминува деновите за време на изолацијата.

„Најчесто се шегувам на мојот Инстаграм профил за тоа дека никогаш не сум се чуствувал волку непродуктивно, бидејки јас сум некој кој е посветен на работата 24/7. Но, потоа увидов дека сето тоа било само заблуда и дека и другите работи може да се продуктивни. Замислете дека за првпат можеме да седиме дома да си дадеме време на себе и домашните, а притоа да сме попродуктивни од било кога за сите луѓе околу нас. Се надевам дека сите ги следат инструкциите и дека сето ова брзо ќе заврши.“

И. Мисајловска 

Објавена во: Moj стил, Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: