Што кажува твоето име за тебе? Луѓето го откриваат значењето и се забавуваат

Што кажува твоето име за тебе? Луѓето го откриваат значењето и се забавуваат

Објавена во: Совети // Тестови

Нов забавен тренд кружи на социјалните мрежи...

Кога твоето име би можело да каже нешто за тебе, што би било тоа? Новиот тренд на социјалните мрежи е луѓето да го напишат своето име на оваа страница и таа да им даде краток опис на тоа кој каква личност е, со оглед на тоа како се вика.

Кога ни е здодевно, Интернетот секогаш е тука да не забавува и да ни даде идеја што да правиме, па макар тоа и да е скролање на Инстаграм или Пинтерест. Новиот начин на кој сите се забавуваат е истражувањето на тоа кое значење се крие зад нивното име или имињата на луѓето кои им се блиски. На страницата „Urban Dictionary“ го впишуваат своето име и секој потоа добива краток опис кој зборува за тоа каква личност се крие зад тоа име.

Сигурно ти е позната оваа страница, нуди објаснување за сите можни модерни поими и зборови. Кога нешто не ти е јасно, тука напиши го и исгурно ќе го дознаеш знаечењето. Сега на некој се сети дека може да го впише и своето име и да види каква значење се крие зад него, т.е. каква е личноста која го носи тоа име, пишува Popbuzz.

Иако овие описи немаат врска со значењето на името во смисла дека ќе ти каже од каде е твоето име или од кој збор настанало, всушност е многу позабавно, бидејќи опишува каква би можела да биде личноста која го носи. Секако, колку е ова точно е знак прашалник, но е забавно, тоа признава. Погледни и дознај што открива твоето име.


Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: