Што свети на раката на Кејт Мидлтон: Војвотката има нов дијамант?
Војвотката Кејт Мидлтон покажа нов дијамантски прстен на престижниот дипломатски прием на кој изгледаше онака како што и доликува на една идна кралица. Првпат е забележана со овој прстен на рака и не знаеме дали станува збор за парче од кралската колекција на накит или е во прашање нов прстен направен за неа, како подарок од принцот Вилијам.
Кејт не е позната како некој кој носи многу накит. Таа обично на раката го носи вереничкиот прстен, бурмата и прстенот за вечност, па затоа ова е нова ситуација за неа, пишува Marie Claire.
Но, таа не беше единствената која се пофали со ново парче накит. Кралицата за првпат носеше смарагден ѓердан и со тоа ја збогати својата колекција со накит.