Што открива твојата насмевка за тебе?
Секој се смее на различен начин: заразно, иритантно, симпатично... Еве што говори насмевката за личноста која се смее...
Гласната насмевка, пропратена со високи тонови, е одлика на забавните и дружељубиви луѓе. Таквата насмевка е заразна, што значи дека доколку се смееш вака, сигурно си омилена личност во друштвото.
Личностите кои ја потиснуваат својата насмевка добро ги контролираат своите чувства. Имаш добра смисла за хумор, но доколку мораш често да го криеш тоа, може лошо да влијае на тебе.
Нервозната насмевка е слична на плачот на бебињата, а често претставува проба за да прикријат некои непријатни ситуации.
Смешкањето е знак на срамежливост, но и ова може да биде многу заразно.
Наместената насмевка најчесто е израз на пристојност, бидејќи позади него се крие не се крие вистинска радост. Експертите тврдат дека треба вака да се смееме додека се фотографираме.