СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: 16 годишниот Васил Ангелов кој освојува со својот глас!
За овонеделна симпатија го одбравме младиот и надежен пејач Васил Ангелов. Тој има 16 години и учи во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“.
Со музиката е поврзан уште од своето раѓање, бидејќи доаѓа од музичко семејство. Има една авторска песна „Музика“, а на неговиот youtube канал можете да слушнете многу преработки на песни. Последна во низата е песната на Лозано „Душо варљива“, која ја отпеа со младиот Дамјан Димевски.
Но, освен музиката тој е љубител на спортот. Редовно тренира бокс, а исто така игра и фудбал. Ова младо момче многу ветува и веруваме дека во скоро време ќе постигне голем успех.
И.М.