Синот на најголемиот прељубник е негова копија: Израсна во заводник на чија убавина се воодушевуваат сите (ФОТО)

Синот на најголемиот прељубник е негова копија: Израсна во заводник на чија убавина се воодушевуваат сите (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Синот на Вилијам Леви ги наследи најубавите црти од својот татко...

Кубанско-американскиот актер кој публиката го знае од мексиканските серии, Вилијам Леви ја доби титулата миленик на жените уште во првиот момент кога се појави во светот на шоу-бизнисот, прво како менекен, а потоа и како актер.

Вилијам вниманието на светската јавност го привлече во 2011 година, кога се појави во спотот на Џенифер Лопез за песната „I'm Into You“, но неговата кариера потоа доживеа мал пад, бидејќи сакајќи да се пробие во Холивуд, ги одбиваше улогите во мексиканските серии.

Ѕвездата на серијата „Внимателно со ангелот“, веќе неколку пати беше прогласен за најсекси маж на светот, а цело време го следи уште една „титула“ - најголем прељубник.

Со години беше во вонбрачна заедница со актерката и модел Елизабет Гутијерез, со која има ќерка и син. Често се пишуваше за неговите неверства, а медиумите наведуваат дури и цифра од преку 80 жени. Таа изгледа му простувала сѐ, а изминатите години до медиумите стигнуваа повеќе негови врски.

Новите проблеми се појавија откако против него беше покренато обвинение дека нанамил малолетничка во собата на еден хотел и ја присилил на полов однос. Обвинението подоцна беше повлечено, но Вилијам никогаш не демантираше дека имал односи со девојчето, туку изјави дека го лажела за тоа колку години има.

За сето тоа време, неговата сопруга Елизабет неколку пати го напушташе со деца, но секогаш му се враќаше, а последен пат тоа беше пред неколку месеци.

Меѓутоа, иако многу пати досега се шпекулираше за нивните разделби и смирувања, тие од време на време знаат да ја изненадат јавноста со заеднички фотографии.

Оваа љубовна приказна успеа и покрај големиот медиумски притисок, а заедно имаат две деца - Кристофер и Кели.

Дека крушата под круша паѓа се гледа и по изгледот на неговиот син Кристофер, кој како неговиот татко, израсна во вистински заводник.

Неговиот 14-годишен син Кристофер, доживеа и несреќа, кога автомобил се превртел на него. Како што пишуваа медиумите во Мексико, несреќниот настан се одвивал поради тоа што Кристофер нагло свртел во кривина и ја изгубил контролата.

За Вилијам и Елизабет немало потежок период од оној кој го доживеаја минатата година, кога нивниот син ја доживеа несреќата, во која коленото му било заглавено под електричното возило и кога морале со хеликоптер да во однесат во болница.

Но, по сѐ изгледа на нивната љубов дојде крајот, барем така пишуваат странските медиумите. Вилијам разводот го потврди и на Инстаграм, а по тој повод Елизабет уште се нема огласено.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: