Синот на Зоран Заев слави роденден: Неговата сестра му честиташе на посебен начин (ФОТО)
Душко, синот на поранешниот премиер Зоран Заев денес има голем повод за славење...
Имено, откако во мај го прослави крајот на една етапа во животот - завршувањето на средното образование, Душко Заев денес има уште еден голем повод за славење. Инаку, тој денес слави роденден, а на неговиот Инстаграм профил може да се најдат многу роденденски честитки.
Помеѓу сите нив, една посебно се издвојува - онаа која ја сподели неговата сестра Александра. Наследничката на Зоран Заев, сподели фотографија од детството, на која позираат таа и нејзиниот брат.
„Среќен роденден“ - кратко напиша таа покрај преслатката фотографија, додавајќи емотикони со бебе и срце.
фото: Принтскрин / Инстаграм