Синот на Заев славеше матура: Мама Зорица може да им парира на матурантките (ФОТО)
Мај е месец кој е најпознат по прославите по повод завршувањето на средното образование, поточно по организирањето на матурските забави.
Оваа година ваква прослава имаше и во домот на поранешниот премиер Зоран Заев. Имено, неговиот син Душко оваа година е матурант, а вчера ја организираше и матурската забава.
За оваа вечер, која е најважна за секој средношколец, синот на Заев се одлучи за спортско-елегантна комбинација, составена од сиви панталони, бела кошула, тегет сако и патики.
Но, она што им го привлече вниманието на сите, беше сопругата на поранешниот премиер, Зораца Заева. Таа видно ослабена ја покажа својата фигура во фустан кој ја следи линијата на телото. Во ова издание, доколку би била на исто место со сите матуранти, никој не би кажал дека е мајка, туку дека е една од матурантките.
фото: Принтскрин / Инстаграм