Сите ѕвезди на едно место и нивните култни селфиња од Мет Гала: Најпопуларните фотографии ги направија во тоалет (ФОТО)
Ако фотографирањето во јавните тоалети ви звучи смешно, сетете се дека ниту познатите ѕвезди не му одолеаја на овој тренд...
Секој прв понеделник во мај се одржува најголемиот и најпрестижниот моден настан на годината: Мет Гала. Секој кој значи нешто во светот на модата, глумата, музиката, спортот, социјалните мрежи или шоу-бизнисот беше поканет во Метрополитен музејот во Њујорк.
Најголемите светски имиња се качуваат на познатите скали, внимавајќи да испозираат најдобро што можат пред фотографите и новинарите. Но, и покрај фотографирањето до професионалнциите, сепак низ годините тие не можеа да одолеат на старите добри селфиња.
„Модните Оскари на годината“ не поттикнаа да се потсетиме на најдобарите сефлиња од Мет Гала, а во нашата листа се најдоа и некои кои се направени во тоалет.
# Познати поранешни парови
Ова селфи е направено во 2019 година. Алекс Родригез ја фотографил својата сакана Џенфиер Лопез, заедно со брачната двојка Кардашијан - Вест. Џеј Ло денес е со Бен Афлек, а Ким и Канје се разделија.
# WC-селфи
Елизабет Чемберс и Кајли Џенер го собраа друштвото пред огледалото во тоалетот и фотографирањето можеше да почне. Тука се Кендал Џенер, Ким Кардашијан, Лили Олдриџ, Парис Џексон, АСАП Роки, Бри Ларсон и Ештон Сандерс.
„Нема забава како забавата во тоалетот“ - напиша Елизабет во описот на фотографијата, а ние и веруваме.
# Манекенки во кадар и Лејди Гага која случајно се нашла таму
Во 2016 година, Лили-Роуз Деп, Лили Олдриџ, Дауцен Крос, Стел Максвел и Хејли Бибер исто така отидоа во тоалет, а Џоан Смолс ја објави фотографијата на која позираа во огледалото. Таму во позадина може да се забележи и Лејди Гага, која (најверојатно) планирала да се упати до мијалникот за да си ги измие рацете.
# Зои Кравиц и Лејди Гага, која повторно случајно се наоѓа на фотографија
Додека Зои Кравиц се обидувала да направи совршено селфи, Лејди Гага повторно била во позадина, заглавена во гужвата во тоалетот. Кутрата Гага, изгледа никој никогаш не ја вика за селфи, туку секогаш непланирано завршува во туѓи кадри.
Lady Gaga trying to use the bathroom at the Met Gala but everyone around her is taking selfies pic.twitter.com/bT7VzNG6KW
— Gaga Doing Things (@LGDoingThings) May 5, 2019
# Селфи од забавата
По селфито во тоалетот, еве едно што изгледа како да е направено на самата забава додека ѕвездите танцуваат и се забавуваат. На фотографијата што ја објави Дерек Бласберг, ги гледаме Мајли Сајрус и Рита Ора како го исплазуваат јазикот, Ема Робертс која испраќа бакнеж и Кара Делевињ која се обидува да изгледа сериозно. Тоа беше на Мет Гала пред точно 10 години.
# Селфи со... сите
Американскиот рапер Лили Нас Икс беше поканет на Мет Гала за прв пат во 2021 година, па собираше селфиња со познатите личности како Покемон. Се сликаше со Били Ајлиш, Џек Харлоу, Јара Шахиди, Френк Оушн, Ерика Баду и Тимоти Шаламет.
фото: Принтскрин / Инстаграм