Сите мажи на Ивана Трамп, еден ѝ беше врежан во срце: Жената која никогаш не беше сама
Фото: Profimedia
Ивана Трамп, првата сопруга на Доналд Трамп, почина на 73-годишна возраст, јавува „ABC News“. Таа е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Њујорк, а се вели дека починала од природна смрт.
Ивана го сакаше животот, а особено ги сакаше мажите, па беше позната по бурниот љубовен живот. Нејзиниот најзначаен брак беше оној со Доналд Трамп - ѝ донесе слава, моќ и пари, но не беше единствениот!
Фото: Profimedia
За оваа манекенка, родена во тогашна Чехословачка, бракот со милијардерот всушност бил втор по ред. Пред него таа беше во брак со агентот за недвижности Алфред Винклемајр, а наводно се омажила за него за да добие австриско државјанство. Двојката била заедно до 1973 година, кога Ивана емигрирала во Канада, но официјално се развеле во 1976 година откако таа го запознала Трамп.
Веќе следната година таа раскина со Трамп, со кој има три деца - синовите Доналд Џуниор и Ерик и ќерката Иванка. Двојката се разведе во 1992 година, а таа разделба на Ивана ѝ донесе огромна банкарска сметка, бројни имоти и препознатливо, влијателно презиме.
Каде што има прв и втор сопруг, има место и за трет. Бракот со бизнисменот Рикардо Мазучели траеше две години, од 1995 до 1997 година.
Фото: Profimedia
Ивана Трамп никогаш не била сама. Од Сен Тропе до Монако секогаш била придружувана од мажи. Но, оваа жена не ја запостави својата кариера. Заврши низа успешни работи, ја основа модната агенција „Вилијам Морис“, козметичка линија и доби колумна во магазинот „Диворс“. Медиумите ја обожаваа, па беше чест гостин на весниците и ТВ емисиите.
Во 2008 година, Ивана се омажи за италијанскиот актер и модел Росано Рубиконди, 24 години помлад од неа, со кого беше во врска години пред тоа. Бракот со занесниот Италијанец траеше само седум месеци бидејќи Ивана дознала за неверството на Росан.
Фото: Profimedia
Но, таа не тагуваше долго - во годините што следеа, утеха најде во прегратките на моделите Џон-Дејвид Дери, Мајкл Кенеди, Италијанецот Антонио Заквил и неговиот сонародник Марко Антонио Рота...
Сепак, споменатиот Рубиконди остана голема љубов на Ивана, а врската ја обновуваа во неколку наврати и практично беа емотивно поврзани, иако без обврски, до неговата смрт минатата година.
Фото: Profimedia
Ивана пред неколку години истакна дека нема желба повторно да се мажи.
„Не сакам да се мажам повторно. Завршив со тоа. Се мажиш затоа што сакаш семејство. Имам три деца и внуци. Само сакам да бидам слободна и да одам каде сакам и да скијам. Сакам да сум слободна жена“, рече таа, а потоа додаде дека и понатаму сака да има „придружници“ со кои го поминува времето.
„Имам многу мажи кои ме носат на ручеци и вечери, на балови или на добротворни настани. Но, не сакам да бидам врзана", изјави таа тогаш.
Извор: zena.blic.rs