Сите полудеа по новиот тренд во маникирот: Деми Ловато имаше вакви нокти на Греми
Новиот стил на нокти полека станува сѐ популарен
Иако повеќе ништо не е ново и револуционерно кога се ноктите и маникирот во прашање, секој нов тренд има сличен стил на некој веќе постоечки, но со нов пресврт. Такви нокти имаше и Деми Ловата на овогодишното доделување на Греми наградите и сега многу девојки сакаат да имаат такви нокти.
И додека најчесто сите зборуваат з анекои нови бизарни и луди маникири кои ќе се појават и кои се тотално нефункционални во секојдневниот живот, некогаш познатите ни даваат супер идеи кои може да се спроведат во дело. Доколку навистина постојано носиш слични бои и сличен облик на нокти, следниот пат кога ќе одиш на маникир можеш да испробаш нешто ново. Деми Ловато на Греми наградите имаше прекрасен маникир кој девојките започнаа да го носат - врвовите на ноктите изгледаа како стакло. Пресврт на францускиот маникир кој изгледа модерно, поинаку и „кул“.
На сликата погоре совршено се гледа секој детаљ на ноктите. „Стаклениот“ дел на ноктите е посебен самиот по себе, а Деми додаде и неколку циркони за да биде екстра посебен. Иако изгледа како стакло, екстензиите кои ги носи не се од вистинско стакло, туку станува збор за гел кој само така изгледа. Сличен маникир на овој имаше и Џенифер Лопез за настапот на Super Bowl, само што нејзините нокти во целост изгледаат како да се прекриени со стакло. Постојат многу начини на кои овој тренд може да се искомбинира во сечиј стил, а ова се само неколку.