Скоро и да нема разлика: Стара фотографија на Кејт Мидлтон од 1983 година покажа кое дете е нејзина мала копија
Кејт Мидлтон има три деца, а оваа нејзина стара фотографија открива кое дете најмногу личи на неа
Кејт Мидлтон, принцезата од Велс и сопруга на принцот Вилијам, идниот крал, денес е жена за која ретко кој не слушнал. Секогаш совршено стилизирана и одмерена, принцезата е вистински столб на кралското семејство и мајка на три деца, Џорџ, Шарлот и најмладиот Луис.
И додека секој ден имаме можност да ги видиме најновите фотографии на Кејт од разни настани, церемонии и приеми, малкумина знаат како изгледала како мала. Меѓутоа, обожавателите на британското кралско семејство биле воодушевени кога добиле можност да видат како изгледала Кејт како мало девојче, односно во 1983 година.
Деновиве на Инстаграм профилот на принцот и принцезата од Велс беше објавена фотографија од детството на која таа го прославува Божиќ со семејството, кога имала само 2 години.
Како мало девојче, принцезата носи фустан со јака и пруги и темносин кардиган, а е фотографирана неколку недели пред нејзиниот втор роденден.
– Овој Божиќ споделуваме празнични спомени – стои меѓу другото во описот на фотографијата.
Инаку, најинтересно е што оваа фотографија всушност покажува кое дете најмногу личи на Кејт! Се работи за нејзиниот најмлад син Луис, и очигледно е дека тој е вистинска мала копија на неговата мајка - барем што се однесува до изгледот, со оглед на тоа колку е палав - додека, на пример, се вели дека принцезата Шарлот личи на баба ѝ Дијана, но и прабабата Елизабета
Извор: glossy.espreso.co.rs