„Слуга на народот“ на украинскиот претседател Зеленски, наскоро на Глеј

„Слуга на народот“ на украинскиот претседател Зеленски, наскоро на Глеј

Објавена во: После „Школо“ // PR

Сатиричниот ситком „Слуга на народот“, во која главната улога ја има поранешниот комичар, а сегашен претседател на Украина Володимир Зеленски, наскоро ќе биде достапна на првата национална стриминг платформа Gley.tv., со  превод на македонски и албански јазик.

Хит комедијата има три  сезони, а Зеленски е во улога на просечен професор по историја кој неочекувано станува претседател на Украина и тоа откако едно видео во кое тој се жали на корупцијата во државата станува вирално.

Иако вистинското сценарио на Украина и Зеленски е значително поразлично, постојат видливи паралели што ја прават серијата интересна содржина за гледачите.

Продукцијата на шоуто запре кога во 2019 г., Зеленски одлучи да се кандидира за претседател  како член на партијата - Слуга на народот (именувана според самата серија). 

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: