Со необичната убавина го освојува модниот свет: Изгледа како да не е од оваа планета
Нејзината убавина е единствена.
Со својата несекојдневна убавина ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.
Tsunaina, девојка со потекло од Тибет, со својата убавина ги освојува модните писти, а сега престојува во Англија, каде е ангажирана како модел.
Благодарејќи на необичната убавина ги освојува модните писти, а нејзиното лице остава без здив.
Луѓето најмногу гледаат во нејзината совршена брада, полни усни, коси очи, како и голем број бемки, а особено внимание привлекува нејзиниот нос.
Поради необичната убавина многумина не веруваат дека таа е во потполност природна, иако оние податоци кои ги имаат за неа велат дека немала никакви естетски зафати.
Инаку, оваа убавица е висока само 164 сантиметри, што не ги спречило модните гуруа да ја забележат и да ја ангажираат.
На Инстаграм, каде што не објавува многу фотографии ја следат над 300.000 луѓе кои се воодушевени од нејзината убавина. За неа имаат само убави зборови, а често коментираат дека изгледа како да не е од оваа планета.