
Сончевите денови пристигнуваат: Какви очила за сонце одговараат на вашето лице?
Полека, но сигурно пролетта и сончевите денови ни доаѓаат. Тоа е периодот во кој многумина од вас сакаат деновите да ги поминуваат со пријателите или момчето/девојката во парк, на кеј... односно, секаде каде што сонцето свети и гали со своите зраци.
Се е убаво до моментот кога ќе посакаш нешто да видиш, а сончевите зраци те спречуваат во тоа. Затоа, секогаш мора да бидеш подготвен и наочарите за сонце да ти бидат на дофат. Но, сега тука е новиот проблем - како да одбереш очила за сонце кои ќе одговараат на твојот облик на лице?
Не грижи се! Нема потреба од долго размислување, бидејќи одговорот го имаш во продолжение.
# Тркалезно лице - на ваквиот облик на лице, одговараат голем избор на рамки, но мора да внимаваш и да избегнуваш кружни очила. Затоа, првиот избор нека ти бидат очила за сонце со коцкаста рамка.
# Лице во форма на срце - очила кои потсетуваат на оние пилотските, со издолжен долен дел, како и оние со необичен изглед за поголемо привлекување на внимание се одлични, колку имаш ваква форма на лице.
# Долгнавесто лице - најдобар избор се квадратни и тркалезни очила за сонце со поголеми димензии кои визуелно ќе ти го скратат лицето.
# Квадратен облик - потребни ти се очила кои ќе ги ублажат квадратните црти на лицето, а идеални за овој облик се кружните или овалните очила за сонце со темни стакла.
# Овално лице - најидеален облик на лице, кој може да се справи со сите облици на рамки. Идеалниот избор за тебе се очила со мала квадратна рамка со заоблени рабови.
Можеби ќе ве интересира:
