Сопственикот на оваа продавница забрани да се пуштаат божиќни песни
Можеби ќе ти звучи чудно, но кога ќе дознаеш за што станува збор сигурни сме дека ќе се сложиш со одлуката на сопствениците...
Во ред, Божиќ е многу повеќе од музика, тоа ни е јасно. Но, има ли поубаво чувство од она кога шеташ по украсени улици и слушаш божиќни песни? Ние се сложуваме. Но, не сите се сложуваат.
Сопственикот на продавницата The York Gin Shop во Велика Британија одлучи на своите работници да им даде одмор од божиќната музика, која ги вклучува популарните божиќни хитови. Така ја донесе одлуката дека во продавницата повеќе нема да се пушта музика која е снимена по 1960 година. Зошто? Не се вклопува во традиционалниот дух на нивната продавница.
„Нашиот тим е задоволен поради оваа одлука“ - кажаа од продавницата.
Уверени сме дека со оваа одлука ќе ги бидат среќни и купувачите и работниците, бидејќи имаат доволно голема прејлиста поради која песните нема да се повторуваат повеќе од два пати неделно